Бројот на заболени од корона вирус ја надмина бројката од 2.392.160 ширум светот, од кои повеќе од 164.000 починале. Вирусот се шири во најмалку 210 земји во светот и територии и на два меѓународни крстосувачи, се вели во дневниот извештај на „Worldometers“.

Од активните случаи, дури 96 проценти се оние со поблаги симптоми, додека останатите четири проценти се во сериозна или критична состојба. САД се уште се земја со најмногу заразени – повеќе од 756.856 и починати – повеќе од 40.000.
Шпанија е на второ место (196.000) и Италија со 179.000. Следи Франција со скоро 152.000 заразени, а потоа следува Германија со над 144.000 заразени.

Зад САД во однос на жртвите е Италија со повеќе од 23.000 смртни случаи, а потоа следува Шпанија со повеќе од 20.400. На четвртото место е Франција со скоро 20.000 смртни случаи, по што следи Велика Британија со околу 16.000 жртви.

Според последните информации на Министерството за здравство на Србија, коронарниот вирус е потврден во кај нови 324 лица во Србија, со што вкупниот број заразени е 6.318. Деенска се регистрирани уште пет починати од претходниот извештај, со што вкупниот број на починати стаса до 122 лица.
Во Шпанија, во изминатите 24 часа починале 410 лица од корона вирусот, најниско во последниов месец, но и голем пад од вчера, кога беа пријавени 565 смртни случаи, соопшти Министерството за здравство. Децата во Шпанија наскоро ќе можат да излезат откако поминаа повеќе од еден месец во затворен простор под строги мерки за спречување на ширењето на корона вирусот.

Бројот на починати во болниците во Велика Британија надмина 16.000, соопшти нивото Министерството за здравство. Во последните 24 часа починаа 596 лица, што е најмалото зголемување на дневна основа по скоро две недели, велат официјалните лица. Според Би-Би-Си, починале вкупно 16.060 луѓе. Пријавени се скоро 6.000 нови инфицирани, со што вкупниот број заразени е на над 120.000, според „Worldometers“.

До денес, 1,135 луѓе починаа од корона вирусот во Швајцарија, додека вчера беа 1.111, соопшти државната агенција за јавно здравје. Според Ројтерс, бројот на позитивни на КОВИД-19 сега е 27.740, додека вчера бил 27,404 лица.

Во изминатите 24 часа, во Хрватска се евидентирани 39 нови случаи на вирусот корона, со што бројот на заболени е 1.871 лице. Починаа осум пациенти од кои сите имаа тешки хронични состојби. Шестмина од нив биле на респиратор. Вкупно 47 лица починале од почетокот на епидемијата, пренесуваат хрватските медиуми. Вчера, тестирани се 2.539 примероци, што претставува значителен пораст во однос на претходните денови, рече министерот за здравство Вили Берос.

Во Црна Гора се регистрирани уште три случаи на инфекција на корона вирус, со што се зголеми бројот на заразените на 308 во земјата, објави синоќа Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во Подгорица.

Во изминатите 24 часа во Унгарија починаа 17 лица, што е најголем број на смртни случаи кај една ден од почетокот на појавата, соопшти владата.

Кинеската Национална здравствена комисија во неделата објави дека 16 нови случаи на инфекција со корона вирус се пријавени на 18 април, што е најмал број од 17 март и помалку од 27 дена порано. Од новите случаи, 9 биле увезени инфекции, барем заклучно со 13 март, а 17 помалку од претходниот ден. Останатите 7 потврдени случаи се пренесени на локално ниво, во споредба со 10 претходниот ден. Нема нови смртни случаи. Кинеската статистика е доведена во прашање од американскиот претседател Доналд Трамп.

Уште 83 лица починале од ефектите на вирусот во Холандија, соопштија официјалните лица. Ова е најмалото дневно зголемување на смртните случаи од 26 март. Досега починаа 3.684 лица, а заразени се 32.655 лица.

Денес започна виртуелна средба на министрите за здравство на Г20, со заедничка тема како да се дојде до заеднички одговор на пандемијата. На средбата ќе им се придружат лидери од Шпанија, Сингапур, Јордан и Швајцарија, како и претставници од меѓународни и регионални организации, вклучително и Светската здравствена организација и Светската банка, соопшти Г20. Саудиска Арабија моментно е претседател на Г20.

Н.С.