Бројот на заразени со вирусот корона во светот ја надмина бројката од 818.000 лица, а скоро 40.000 луѓе низ целиот свет починаа.

КОВИД-19 се шири низ повеќе од 200 земји и територии. Повеќето случаи се благи и имаат добра прогноза. Досега, околу 174,000 се опоравиле од вирусот, според веб-страницата на Worldometers.

Кина, епицентарот на пандемијата, сега е на четвртото место со вкупно заразено население.

Најмногу ги има во Америка, повеќе од 174.000 се болни, по што следат Италија, 101.739 и Шпанија, скоро 95.000.

Најголем број од жртвите на пандемијата се регистрирани во Италија, 11.591, потоа во Шпанија 8.269, во Кина 3.305, Франција 3.024 …

Последните 24 часа за Србија беа најтешките од појавата на вирусот во земјата. Уште седуммина починаа како резултат на корона вирусот, со што вкупниот број на починати се искачи на 23лица. Вкупниот број на заразени е 900, откако вирусот беше откриен кај уште 115 лица.

Бројот на починати во Италија се искачи за 837 лица, со што вкупниот број од почетокот на пандемијата се искачи на 12.428 лица. Единствената добра работа е што бројот на заразени генерално е стабилен и застана на 4.053 во последните 24 часа во споредба со 4.050 вчера, кога ги имаа најмалку заразени за последните две недели. Вкупниот број заразени од појавата на епидемијата на 21 февруари во Италија се искачи на 105.792.

И третиот тест за корорнарна вирусна инфекција од германската канцеларка Ангела Меркел беше негативен, соопштија од нејзината канцеларија.
Во Хрватска досега се потврдени 77 новозаразени лица со вирусот, што е вкупно 867 лица, додека во исто време 67 лица се опоравиле.

Во Црна Гора, потврдено е дека уште 14 лица се заразени со вирусот, така што вкупно 105 се заразени. Најзаразени, 38, има во Подгорица, потоа во Тузи (33), во Бар има десет. Националното координативно тело за заразни болести вчера донесе нови мерки со кои се забранува движење од 19:00 часот до 5:00 часот. Во Црна Гора, 10 здравствени работници се заразени со вирусот корона.
Бројот на потврдени случаи на вирусна корона во Словенија е зголемен за 46 лица и сега се заразени 802 лица, изјави владиниот портпарол  Јелко Кацин.

Шпанија забележа нов рекорд по бројот на смртни случаи од вирусот за еден ден, со 849 смртни случаи во изминатите 24 часа. Шпанската влада донесе одлука за изолација на 14 март, воведувајќи построги ограничувања за движење за граѓаните овој викенд. Исто така, премиерот Педро Санчез најави затворање на сите невитални деловни активности.

Ова значи дека на шпанските државјани им е дозволено да го напуштат домот за да купат храна и други најважни работи и да одат на лекар или да работат доколку работат во гранки овластени од владата.

Коронарно позитивен пациент почина денес во Минск и тој е прва жртва на пандемијата во Белорусија, изјави претседателот Александар Лукашенко, иако само пред неколку дена негираше дека има корона вирус во неговата држава.

Во австриската провинција Тирол, бројот на заразени лица за прв пат опаѓа. Додека во понеделникот претпладне, бројот на заразените беше 1.984, 24 часа подоцна падна на 1.914, се вели во соопштението од покраината. Причината е дека бројот на оние што се лекуваат секојдневно, во меѓувреме, го надминаа бројот на ново заразени лица.

Полска ќе прогласи нови ограничувања во јавниот живот, вклучително и затворање на паркови и хотели, за да се спречи ширењето на вирусот корона и да се избегне судбината на Италија и Шпанија, рече денеска премиерот Матеуш Моравицки.
Во Русија, потврдени се вкупно 1.836 случаи на корона вирусот, со најголем број случаи (1.226) регистрирани во Москва. Девет лица починаа. Гувернерот на Санкт Петербург, Александар Беглов, нареди режим на изолација во тој руски град.

Јужна Кореја денес го откажа почетокот на училишната година, кој беше закажана за следната недела, поради закана од вирусот корона. Наместо тоа, часовите преку Интернет ќе започнат од 9 април.

Романската влада го карантираше градот Сусева и осум околни села на истокот на земјата за да го ограничи ширењето на вирусот корона, бидејќи повеќе од една четвртина од сите случаи во оваа земја потекнуваат од оваа област.

Н.С.