Во Бразил, потврдени се 37.923 нови случаи на коронавирус во изминатото деноноќие, а уште 1.091 лица починале како резултат на таа инфекција, соопшти Министерството за здравство.

Во Бразил има повеќе од 1,5 милиони случаи на коронавирус, а 64.265 луѓе починале од почетокот на пандемијата, пренесува Ројтерс.

Бразил е на второто место по бројот на заразени и мртви од КОВИД-19, по САД. А.Н.