четврток, април 25, 2024
домаЖивотКој ќе одговара за ширење на вирусот меѓу децата во струмичката градинка?

Кој ќе одговара за ширење на вирусот меѓу децата во струмичката градинка?

Последните информации за двете деца од  струмичката градинка кои беа регистрирани позитивни на Kовид-19, говорат дека вирусот најверојатно го добиле во градинката. Надлежниот епидемиолог д-р Мери Николова-Гичева, како што пренесува ВЕЧЕР  вели дека новозаразените деца, сепак, имале контакт со првиот потврден случај.

 

„Според направените анкети ниту еден член од семејствата на двата нови случаи, ниту бил позитивен, ниту, пак, имал контакт со лице позитивно на корона вирусот.“ – вели д-р Мери Николова-Гичева.

 

Според ова паѓаат во вода првичните тврдења дека овие два случаи немаат поврзаност со прво заразеното дете, бидејќи епидемиолошките анкети кои беа завршени попладнево го покажале спротивното.

Само колку за потсетување, директорот на градинката информираше дека според нивните првични информации кои ги добиле од надлежните институции трите случаи не се поврзани.

За првиот случај на корона вирус во струмичката градинка информиравме во четвртокот. Според информацијата од градинката детето градинката ја посетувало само три дена, а вирусот го добило од член на неговото семејство. Поради ова целата група од 11 деца и тројца од вработените заминаа во изолација.

Сега, по оваа информација должна е Владата која патем дозволи да се отворат градинките да даде одговор како е можно да дојде до пренесување на заразата меѓу децата, ако како што велат сите протоколи се почитуваат?! Родителите прашуваат дали сега треба да ја тужат Владата за ширењето на вирусот меѓу децата?

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ