Уште еден меѓународен успех на млад македонски креативец. Kраткиот анимиран филм „The Rhythm of the Fall“ на Ѓорѓи Митревски е во официјална селекција на овогодишното издание на меѓународниот филмски фестивал „SEE A PARIS“ во Париз.

Филмот е изработен е во техника на класична анимација и претставува авторско дело на Ѓорѓи Митревски кој е потпишан како сценарист, режисер и аниматор. Дизајнот на звукот е на Бојан Угриновски, а продуцент на филмот е Жарко Иванов.

Својата меѓународна премиера филмот ја доживеа минатиот ноември кога беше дел од програмата на еден од најдобрите европски фестивали за анимиран филм Animateka во Словенија.

Ѓорѓи Митревски се занимава со фотографија, колаж, сито печат и анимација и досега има реализирано повеќе самостојни изложби и видео инсталации во Македонија, Босна, Германија, Франција, Кина и САД. В.Ѓ.