Последните информации од Њу Јорк говорат за осум загинати и 11 повредени по крвавата ноќ на Менхетан. Инцидентот се случил неколку блокови од споменикот на жртвите на терористичкиот напад на Светскиот трговски центар, а напаѓачот е идентификуван како Сајфуло Хабибулаевич Саипов, 29-годишник од Узбекистан.

Според информациите кои ги објави менхнетската полиција Саипов во САД дошол во 2010 година, а постојана адреса на живеење имал на Флорида, во Тампа. Информациите кои доаѓаат од Менхенте велат дека Саипов со камионет влетал на велосипедската патека, газејќи пешаци и велосипедисти, а потоа во улицата Чемберс се судрил со училиштен автобус, при што повредени се двајца возрасни и две деца. Очевидци сведочат дека по судирот, Сиапов излегол од возилото, а во раце носел нешто што наликувало на два пиштола. По излегувањето од камионот полицаец го застрелал во пределот на стомакот. Полицијата потоа кај него пронашла лажен пиштол и пиштол за игра.

Нападот се третира како терористички чин, а полицијата засега смета дека Узбекистанецот дејствувал сам. Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, изјави дека нема докази дека станува збор за заговор од пошироки размери.

Се уште нема информации дали меѓу загинатите има македонски државјани, она што се знае е дека петмина се Аргентинци кои славеле „30 години матура“ и Белгијка. Пожарникарите информираа за 11 повредени кои се примени во болница во „тешка“, но не и критична состојба. Меѓу повредените се уште тројца Белгијци, соопшти Брисел.