Денес во Музејот на Македонија беше организирана акција на доброволно дарување на крв. Овој хуманитерен настан беше реализиран во соработка со Црвениот крст на Република Македонија. Голем број од вработените во Музејот одговорија на повикот да ја изразат својата хуманост преку земање учество во оваа благородна акција.