Со четвртиот пакет мерки за справување со пандемијата Владата предвидува мерки и за граѓаните кои претходно не беа опфатени со мерките. Предвидени се кредитни картички за уште 2 групи на граѓани. Со четвртиот пакет мерки ќе бидат опфатени и пасивните невработени лица, односно оние кои не се пријавувале секој месец во Агенцијата за вработување, како и пензионерите со пензии под 15.000 денари.

Заменик претседателката на СДСМ и носителка на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во Петтата изборна единица Радмила Шекеринска денес во Дебар го најави  четвртиот пакет од владините мерки.

„Едната група се невработени лица кои не се пријавувале секој месец во Агенцијата за вработување и тие ќе имаат шанса да добијат кедитна картичка. Втората категорија ќе бидат сите пензионери со пензии под 15.000 денари.Тоа ќе значи дополнителни пари кај граѓаните но во исто време и подршка на домашните производи“, најави Шеќеринска.

Таа информира дека досега преку економските мерки обезбедени се 550 милиони евра со што не се дозволи да запре економската активност и да се заклучат многу фирми.

А.Накова