Од средбата на министрите од Владата на РСМакедонија со ЦУК одлучено е да се формира Кризен Штаб во рамките на Министерството за здравство, кое ќе ги координира сите активности поврзани со вирусот.

Министерот за здравство Венко Филипче потврди дека сите мерки кои ги најавија утрово стапуваат на сила, на сите гранични премини на аеродромите патниците кои слетуваат со летовите од Италија ќе бидат прегледани и третирани…Исто така Филипче информира дека по копнен пат патници кои патуваат од Италија во Северна Македонија ќе може да влезат само преку граничните премини Богородица, Табановце, Ќафасан и Блаце. Обезбеддени се и простори за изолација на патници во болниците Штиип, Велес и Гостивар, како и допонителна полиција доколку има потреба за заштита на пациентите.

Филипче апелира да не се патува во местата во кои во моментов има епидемија , а најави дека утре ќе се одлучува за тоа дали ќе се забранат сите екскурзии закажани за Италија.

И додека министерот за здравство апелира да не се патува во Италија, најголем број на ТА кои имаат аранжмани за Италија најавуваат дека патувањата ќе се реализираат.