На седницата на Кризниот штаб во Србија денеска беа донесени мерки за претстојниот викенд, според кои во сабота и недела нема да работи ништо освен продавниците за храна, аптеките, здравствените установи, бензинските пумпи за полнење гориво, киосците и доставувањето храна.

За разлика од претходниот викенд, мерките ќе стапат на сила во петок, на 12 март на полноќ.

Јавноста ќе биде информирана за режимот, односно мерките што ќе бидат на сила од понеделник.

Во Србија има повторно зголемување на бројот на заразени лица, а тоа најдобро го илустрира фактот дека во последните неколку дена, скоро третина од сите испитаници биле позитивни на Ковид-19. Во средата, имало 4.590 новоинфицирани лица, што е најголем број на позитивни тестови од 18 декември, кога земјата беше на врвот на третиот бран на коронавирус.

Следејќи ги статистички податоци, Србија се приближува кон бројот од 800 заразени на 100.000 граѓани, а со тоа и кон таканаречената „ црна корона зона“. Она што исто така загрижува е фактот дека Србија е четврта во Европа според бројот на заразени и починати во однос на бројот на жители. А.Н.