Некогашниот патронат на некогашниот “Дом на млади”, денешен МКЦ, ќе биде одбележан со пригодна програма и концерт во живо на единствените Културно Уметнички Работници.
Долго време не свиреле во МКЦ, а и се еден од ретките бендови што во изминатиов период немавме можност да го видиме ниту на онлајн-концерт. Ова нема да биде онлајн, туку 50-МИНУТЕН „САМО ХИТОВИ“-СЕТ НА К.У.Р. во живо, истиот ќе биде снимен и подоцна емитуван, а можеби и издаден.
Настанот ќе биде организиран согласно протоколите за организирање настани во затворен простор. Бројот на посетители е намален (70 седишта), носењето маски е задолжително за време на целиот настан.
Билетите се достапни на билетарница во МКЦ и online преку bileti.mkc.mk