четврток, април 25, 2024
домаЖивотСценаКумановецот Мики, мајсторот за јадења почнува со кариера на модел

Кумановецот Мики, мајсторот за јадења почнува со кариера на модел

Кумановецот Мики Дичевски, кого неговите сограѓани го знаат како одличен кулинар и особено мајстор за декорации во кумановските ресторани, во иднина ќе го гледаат и во друга улога. Тој одлучи со оваа фотосесија да отпочне кариера на модел, застана пред фото објективот на Стефан Соколовски и го покажа своето тело.

Мики е познат и како голем ОГАЕ евровизиски фан, затоа и појавувањето во музички спотови е негов следен план. Веќе има подготвено заедничко портфолио со пејачката Тања Јовановска Трајкова и наскоро и планови за снимања.

– Во моето опкружување сум познат како уметничка гастрономска кулинарска душа, а ќе ги изненадам со ангажмани во светот на модата . За време на корона- карантинот добив извесни понуди, затоа решив да продолжам и во оваа насока, ни изјави младиот кумановец.

Она што ни го открива е дека свесен е прво ќе го прашуваат што значи тетоважата на неговото тело.

Мики вели: “Некогашната моја љубов кон една убава Турчинка и убавото синото око на Мајка ми, го носам на мене како знак на мојот живот “.

В.Г.Парго

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ