дома Живот Лажен аларм за корона вирус на грчкиот крузер Mein Schiff 6

Лажен аларм за корона вирус на грчкиот крузер Mein Schiff 6

189

Само неколку часа откако се запали црвен аларм за присутност на корона вирусот на крузерот Mein Schiff 6, стаса и официјално соопштение на официјалната страна на twitter на туристичката агенција ТУИ, во кое се вели:

– Нема случаи на КОВИД-19 на бродот, и крстарењето со Mein Schiff 6 продолжува понатаму.

Само колку за потсетување во понеделникот истата туристилка агенција информираше дека ги добиле резултатите од тестирањето на персоналот и дека е утврдено дека 12 члена на екипажот се позитивни на коронавирус.

„Како дел од мерките на претпазливост и во согласност со строгите мерки за продолжување на крстарењето договорено со властите во Грција, засегнатите лица веднаш беа ставени во изолација на бродот“, додаваат од компанијата.

Крузерот со знаме на Малта патувал преку Пиреја до Крф, а на него има 922 патници и 666 членови на екипажот.

Крузерот Mein Schiff 6 се врати во грчките води за прв пат откако беше воведен карантин во март. Грција беше првата медитеранска земја во која Туи продолжи да работи со крузерите.

Ал.Н.