.Македонското здружение “Лајонси” изминатиов период направи низа хуманитарни акции, за одредена помош на граѓаните. Денес, се огласија и во медиумите, објаснувајќи за својата актуелна акција.

-Повеќе од 1,4 милиони “Лионси” ширум светот им служат на своите заедници за време на пандемијата (COVID-19). Овие нови предизвици го сменија начинот на кој живееме, но нашата посветеност да им помагаме на оние на кои имаат потреба е исто толку силна како што беше кога прв пат ги отворивме вратите на хуманоста пред повеќе од 100 години. Овој период “Лионс” клубовите од нашата земја беа ангажирани и помагаа на Клиниките со разни донации од постелнина до заштитна опрема за превенција од вирусот. Во Република Северна Македонија постоиме 23 години, имаме над 40 Лионс клубови кои постојано помагаат на терен на своите заедници. Покрај многуте акции со членовите во “Лионс клуб Скопје” со донација на контејнер за облека кој во соработка со хуманитарната организација ” Адра” оставените донации од хуманите граѓани ќе одат во вистински раце во дневните центри и домови во земјава со кои ние веќе 23 години имаме соработка како и семејства во руралните средини и социјално загрозените, велат тие за поставувањето на контејнерот пред зградата Џевахир, каде ќе се собира облека за оние на кои им е неопходна .

“Лајонсите” упатија благодарност до “Инфинити груп Скопје” кој им го отстапиле просторот кај кулите Џевахир Скај Сити, како и до нивниот член Јовица Настевски и неговата компанија ” Искра” од Куманово, кои го донирале контејнерот, и до Зорана Костовска од “Адра”.

Ќе следуваат и други акции, на иницијатива на претседателката Васиа Трпеновска. Таа ни изјави :

-Хуманите акции зависат секогаш од сите оние кои помагаат вклучувајќи и донаторите, компаниите и граѓаните, но без нас како Лионси како иницијатори на акции за помош во нашата заедница нема да биде возможно.Продолжуваме да служиме на заедницата. “Служиме!”

В.Ѓ.Парго