Групата “Eye Cue” неуморно работеше за време на пандемијата, по што подготвија нoво музичко дело кое се очекува да биде летен  хит. Имено, станува збор за ремикс на песната „Колку добро те знам“ која излезе во 2017 година, а која сега можеме да ја слушнеме преточена во електронска денс верзија.

„Ова беше вистински предизвик и одеше со леснотија. Изненадени сме колку добро ни влијаеја карантинските денови и ова отвора ново поглавје за нас. Првите импресии од најблиските велат дека ваквиот правец на музика многу повеќе ни лежи, па ќе оставиме публиката да го каже своето. Нам многу ни се допаѓа ремиксот и со нетрпение очекувавме да го споделиме“, велат од “Eye Cue”.

Видео записот за ремиксот е во последни фази кон дефинирање на сценариото и ќе биде сосема поразлично од се останато досега што македонската публика навикнала да го гледа од нив.

„По излегувањето на ремиксот ќе се организира онлајн кастинг каде секој што сака да биде дел од видео записот на песната ќе може таму да се пријави и да учествува. Начинот на кој тоа ќе го изведеме со тимот ќе бидете благовремено известени“, дополни бендот.

Автор на ремиксот се потпишува Бојан Трајковски.

За насловната фотографија на ремиксот беше задолжена Николина Славковска.

Инаку, бендот најавува уште неколку нови песни кои ќе излезат многу наскоро.

В.Г.-Парго