Како доаѓа летото, така започнуваат и подготовките за на плажа. А, на плажа сите сакаат да изгледаат привлечно. Козметичките салони се вистинско место каде сите желби можат да се остварат, а еден од тие салони кои нудат разни третмани и се главни „виновници“ за вашиот убав изглед е Студиото за масажа и козметика “Енерги студио”.

Во наредниот период на ТЕХТ.МК редовно ќе може да ги читате советите и услугите на ЕНЕРГИ Студио.

Лимфната дренажа е сложена терапевтска техника на масажа, во која се користи многу лесен притисок на точно одредени места и долги нежни ритмички движења. Оваа масажа ја поттикна функцијата на лимфниот систем. Целиот третман доведува до состојба на опуштеност, намалување на отоците и болката, која евентуално била присутна.

Лимфната дренажа освен што се прави рачно, може да се изведува и со помош на некои апарати. За разлика од крвта, која ја пумпа срцето, лимфниот состав нема пумпа. Лимфната течност ја поттикнува притисокот на крвните жили и движењето на мускулите. Лимфната дренажа е многу благотворна метода со која ја подобруваме микроциркулацијата, го стимулираме метаболизмот и лимфниот систем, а при тоа доаѓа до забрзано излачување на отпадните материи. Дебелината и целулитот се посебан медицински и козметички проблем на современиот свет, истите покрај сите останати методи успешно се третираат и со лимфната дренажа. Со оваа постапка се обидуваме да го одстраниме вишокот на течности од ткивото што е прв чекор во борбата против целулитот.