четврток, април 25, 2024
домаЖивотЗдравјеЛистерија во унгарски смрзнат зеленчук

Листерија во унгарски смрзнат зеленчук

Како што пренесува „Среќни потрошувачи, задоволни произведувачи“ низ Европа се продава смрзнат зеленчук и овошје инфициран со бакетријата листеерија. Центарот на заразата е лоциран во ладилник во Унгарија. Нема информација дека истиот тој зеленчук се продава и во Македонија...

Европската управа за безбедност на храната – ЕФСА предупредува на смртоносна бактерија во смрзнатата храна. Според оваа агенција во замрзнатата пченка „шеќерец“ има смртоносна бактерија, што веројатно е причина смрт на девет  лица во Европа! Тестовите покажале дека замрзнатитиот зеленчук е причина за голем број случаи на инфекции предизвикани од бактериите на листерија.

Британската агенција за стандарди на храната повика да се обарува било кој замрзнат зеленчук пред да се користи, дури и ако се користи за сос. Причина за оваа препорака е информацијата дека 47 случаи на листерија се пронајдени во замрзната храна во Австрија, Данска, Финска и Шведска, а девет лица починале.

Замрзнатиот спанаќ и боранијата, исто така, ги содржат истите бактерии од кои се заразени две лица, предупредува ЕФСА (Европската управа за безбедност на храната). Се смета дека плантажата до која се наоѓаат ладилниците за смрзнување на храната се наоѓа во Унгарија е извор на инфекцијата што ја зарази цела Европа. Унгарските власти наредија итно повлекување само на кисела павлака од истиот производител.

Повеќето луѓе кои ја добиваат инфекцијата предизвикани од листерија, имаат поблаги симптоми на повраќање и дијареа. Но, може да се појават и сериозни компликации кај луѓе со намален имунитет, доенчиња, постари и бремени жени.

Центарот на заразата е лоциран во ладилник во Унгарија. Нема информација дека истиот тој зеленчук се продава и во Македонија. Затоа како превентива на граѓаните им се препорачува да ја обаруваат храната и да ја мијат во вода во која имаат растворено лажичка сода бикарбона

Листерија во месото

Само колку за потсетување на крајот од минатата година руското Министерство за земјоделство ја најде опасната бактерија листерија во сварена и пушена сланина, како и во замрзнато свинско месо кај тројца извозници од Србија, додека кај четвртиот српскиот производител кој извезувал храна во Русија детектирано е дека во сирењето трапист има штетен додаток натамицин (Е235) . Во прилог на овие информации беше и податокот дека за овие компании привремено беше забранет извозот во Русија, но за  жал не стаса официјална информација за тоа што се случи  со инфицираната храна – без разлика дали е уништена или вратена во Србија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ