Еден член на морнарицата на САД кој работи како еден од личните помошници на претседателот Доналд Трамп, е позитивен за вирусот корона, пренесува Си-Ен-Ен.
Тој е член на елитната воена единица во Белата куќа и често соработува со претседателот и неговото семејството.

Извор на Си-Ен-Ен наведува дека Трамп бил вознемирен кога бил известен дека асистентот е позитивен и дека треба повторно да се тестира.

Извор од американската администрација за Си-Ен-Ен објаснил дека неименуваниот помошник ги почувствувал симптомите во средата наутро, и додаде дека веста дека некој близок до Трамп е позитивен, предизвика загриженост заради можната изложеност на претседателот на вирусот.

Асистенти од единицата за морнарица вршат голем број лични задачи за претседателот. Меѓу другото, тие се одговорни за подготвувањето и служењето храна и пијалоци, не само во Западното крило, туку и за време на патувањата на Трамп.

А.Н.