Локални избори 2017та – за моето Скопје!

287

En_I„Ова е првиот статус кој како испукана стрела се закачи на најсилната карпа – граѓаните на мојот град. На неа се држи целиот град! Коалицијата предводена од СДСМ најџентлменски ме стави на својата листа за советник на Град Скопје – не стави за советник сите нас! Затоа што граѓаните се градот! Нашата прва победа! ♥“, со овој Фб статус скопјанката Ангелика Апсис, денеска преку својот Фб профил ги извести своите сограѓани дека наскоро таа ќе го зајакне тимот на советници во Град Скопје, што наиде на масовно одушевување.

Познатата Енџи, која како урбана градски лик и „Скопјанка и по лична карта и по душа“, постојано живее во ритамот на градот, а позната е и како борец за човекови права, за издигнување на културата и подигнување на еколошката и градската свест.

Енџи моментно работи во Музеј на Современа уметност, сведок е на речиси сите значајни културни настани во Скопје и пошироко во изминативе 3 децении, почнувајќи од снимањето на филмот „Пред дождот“, од членувањето во женски бендови, до разни културно уметнички проекти.

Веќе се забележува тренд во кој вистински луѓе се повикуваат да ги вложат своимте знаеа и умеења на вистинските места, а ние како Редакција и го честитаме агажманот, и посакуваме голем успех, и Ве потсетуваме на нејзиниоте предлози како до поквалитетен град и поквалитетно живеење, кои неодамна ги превзедовме од нејзината Фб…

Потсетување за нејзиниот поглед на Скопје…

Локални избори 2017та – за моето Скопје!

Сите станбени згради и куќи кои се дела на познати наши и странски архитекти да се осветлат, да се напише името на архитектот – да се поврзат новите генерации со градот како и сите оние кои допрва го откриваат.

Да се стават под заштита сите куќи – атељеа на нашите познати уметници. Да се тагираат маркантните скулптури во дворовите (повеќето веќе украдени) кои и те како се битни во пејсажот на градот.

Да се вратат имињата на улиците.

Да се врати летното кино во парк. Летното кино во Дом на Градежници, филмската уметност отсекогаш била слабост на скопјани.

Во еден од најубавите дворови кои имено е во сопственост на Министерството за култура супер би било да се освежи неговата градина, да се постават скулптури, клупи, wi-fi пристап. Да уживаат младите, да им е блиска културата – да ја сакаат.

Бидете трпеливи со старите луѓе, помогнете им кога и да можете. И ова е дел од пејсажот на градот.

Пропуштајте ги пешаците на зебрите, ние сме единствени во светот каде пешаците во знак на благодарност ја наведнуваат главата. Со ова ги воспитуваме идните генерации да бидат хумани. И ова е дел од пејсажот на градот.

Децата што просат по семафорите, кафеаните – насекаде. Вашата милостина ве прави поддржувач на детската злоупотреба и експлоатација. Утре паќ ќе ги пратат и пак и пак. Се додека вие им давате пари. Нивното место е во училишните клупи и нема веќе компромис со тоа. И ова е дел од пејсажот на градот.

Треба да се постават насекаде канти за отпадоци во силна боја. Да ти боде очи, едноставно да не е можно да не фрлиш во неа. Да те засрами. (додека да се навикнеме)

На секој граѓанин кој користи велосипед како главно превозно средство барем 8 месеци во годината да му се дадат 3 дена како награда кон годишниот одмор. Тоа ќе биде мотивација за секого.

Поставете компресори за точак на неколку фрекфрентни места во градот. Тоа и те како ќе ни користи.

Најголем дел од средствата од Паркинзи да се насочат кон стратегија за електрична железница – Троли во Скопје!Колку ќе го личи, каков шарм ќе добие градот. И најважното од се – ќе дишеме почист воздух!!!

Да се воведе намален данок за хибрид автомобилите ( ако не е веќе воведен) како и попуст за паркинг простор.

Само кај нас тие што возат автомобил Тесла плаќаат паркинг. Во цел свет за Тесла автомобилите паркингот е бесплатен.

Секаде каде што има простор не да се гради туку да се сади. Што е поубаво од градска сенка?

Да се остранат сите диви таксисти, тие најмногу загадуваат а и најмногу го

нагрдуваат градот.

Да се забрани свирење со автомобилска сирена за да се поздравиш, барем во центарот на градот.

Да се направат бесплатни тениски терени, терени за баскет кои ќе можат средношколците да ги користат.

Скопје 2014

Да се постават инфо табли со целиот криминал што е направен, исто така нека пишува и од кои материјали е направен, колку чини истиот. И тоа за секој еден објект посебно. Исто така и колку не чини секој еден ден за тој да е функционален.

Да се откажат сите треш концерти.

Доста со љубичиците има толку убави цвеќиња…

Толку за денес,

Вашата севселенска градоначалничка на Скопје!

***

Локални избори 2017 – за моето Скопје / 2

En_IУште денес треба да се замрзнат сите дупови, сите незаконски дозволи. Мора се да се ревидира.Ниту ден да не се чека повеќе. Треба да седнат на маса сите способни архитекти и да одлучат што да се прави за да се спасат веќе продупчените бели дробови на градот.

Пешачки патеки. Најбитни се! Треба градот да е испреплетен со нив. Да ги следи зеленило. Треба градот во иднина да го развиваме така што ќе ги поттикнуваме граѓаните да се движат. Во строгиот центар на градот треба постепено да се шири пешачката зона. Да се поврзат сите главни места. И не само во центарот. Новите станбени објекти треба да го вратат хуманиот дел, тие се клучни во креирањето на модерен и современ град. Пешачките патеки и парковите треба да се услов за да го поврзат објектот со околината. Многу е важно да се создаде навика за движење, здраво е и исто така уште повеќе те поврзува со градот. Пешачката зона во центарот на градот мора да се прошири!

Да се сопре секоја инвестиција во проектот Скопје 2014. Треба одма да почне да се вложува во Скопје, да ги кренеме на сигурни нозе Музејот на современата уметност, Музејот на град Скопје, Мала станица…

Старата железничка станица – лузната на Скопје. Таа има таков понтенцијал, таа зрачи кога и да ја погледнете. Треба само неколку волонтери и ентузијасти – толку треба за да се почне. Таа треба да врие од млади луѓе. Таа ќе биде вистинската гаранција дека Скопје е во сигурни раце. Секогаш била. Додека не и ги откорнаа буквите од источниот ѕид.

Треба да се врати ритамот на градот – вторник изложба, четврток филхармонија, секој ден театар…

Треба на сите книжарници во центарот на градот да им се дозволи да извадат неколку масички и столчиња, така ќе можат читателите да уживаат додека да се одлучат која книга да ја купат. Ова толку многу ќе го разубави градскиот пејсаж. Замислете си млади луѓе со книги во рацете пред неколкуте книжарници на улица Македонија, во срцето на градот. Што може да е помотивирачки од тоа.

Треба крововите на сите катни гаражи да се претворат во мали градини, со удобни клупи, столици, маси… тие треба да бидат новите читални во градот. Секој фаултет треба да поднесе проект а потоа и да се грижи за истиот. Големите корпорации можат да ги финансираат овие проекти, овие летачки градини. Барем трошоците за осветлување, автомати за вода, тоалети и опрема.

Треба да се направи една пешачка патека која преку пешачкиот мост позади Влада ќе се поврзе со двете највисоки и најубави белези на градот. Музејот на современата уметност и Калето. Токму тука гребенот е најнизок.

Да се продолжи велосипедската патека и пешачката патека покрај Вардар и Треска до СРЦ Кале. Тоа е една од најубавите зелени површини во градот со сенка од најголемите и најстарите дрвја во Скопје.

Треба сите институции да соработуваат со градот. Тие се како организам, не можат едни без други.

Сите институции, центри и општини мора да им отстапат простор на младите. Барем три пати во годината да имаат можност да дебатираат да ги слушнат што имаат да им кажат. Само така новите генерации утре ќе го штитат сето ова.

Треба да се направи една апликација за паметните телефони, каде ќе може граѓаните да забележуваат недостатоци, неправилности, нови дупки на улиците, небезбедни игралишта за деца и сл.

Снегот и градот. Треба градот да распише оглас за работници, за социјално загрозените, кои се способни и сакаат да работат. Тогаш станарите во зградите, куќите, сопствениците на бензиските, супермаркетите би можеле да направат хуман гест и да побараат да ги ангажираат тие што ќе се пријават. Секако за пристоен финансиски надомест. Барем во најтешките месеци да им се помогне. Исто така треба да се отворат тел броеви, старите луѓе кои се сами да се обратат за помош. Да не излегуваат по лизгавите тротоари – да можат да нарачаат што треба да им се достави. Секако доставата треба да е на трошок на општините.

За да имаме убав град треба сите да бидеме љубезни, трпеливи, да разговараме. Меѓучовечките односи се бастионот на градот.

Толку за денес,

Вашата севселенска градоначалничка!

***

“Птиците кои живеат во кафез, мислат дека летањето е болест.”

Локални избори 2017 – за моето Скопје / 3

En_IСе сеќавате на Кермес. Тој беше во сенката на најубавите дрвја и нема поубаво место за да можеш да ручаш во градот. Неговата положба е природна. Тој мора да се подигне, и тој треба да биде како стакленик, да е прозрачен да се претопи во паркот а и одразот на дрвјата во него би бил толку убав.

Исто така и Езерце. Симболите на градскиот живот сега се најтажните места во градскиот парк.

Градскиот парк мора да е слободна wi-fi зона. И не само една – треба сите компании да го покријат тоа. Тоа ќе значи помал трошок за сите.

Дебар маало треба во недела да се прогласи за пешачка зона, барем две улици: Боемската 2 и коцката која води покрај општина Центар кон Градски парк.

Треба да се обнови и ресторанот во СРЦ Сарај. Да не се лажеме, секој сака да има простор каде што ќе може да се освежи. СРЦ Сарај е идеално место за хиподром. Знаете ли колку овие животни им помагаат во терапијата на децата со аутизам. Тие имаат толку убава енергија. Нема кој не би сакал да ги гледа пред себе. Таму е и клубот за кајак. Потоа има базен и целиот парк го омеѓува за жал денес веќе не толку чистата река Треска. Исто така, СРЦ Сарај е најбезбедното место за најмладите – нема автомобили!

Овие предлози се самоодржливи, отвараат нови раб. места. Младите архитекти и дизајнери може да направат предлог проекти за нови содржини во СРЦ Сарај и Градски парк.

Треба на сити-лајтот низ центарот и на автобуските станици да има инфо со програма за културните настани во градот.

Пред и се, да се воведе комисија за настани од јавен и забавен карактер.

Треба да има комисија која ќе одлучува и какви објекти ќе се отвараат, со каква содржина, која им е целта. Не може една до друга во строгиот центар на градот да се продаваат мекици и книги во книжарница со читална, спроти нив да се продаваат семки, до семките врвки, итн. Или најголемата глупост од сите: барокна сендвичара во која се продава донер пред Македонската опера и балет и пред Филхармонија. Ги почитувам сите до еден! Но мора да го планирме центарот на градот. Вака е целиот хистеричен. Тоа не го приметуваме ама ја приметуваме нервозата која ни се собира во текот на денот.

Водовод, патишта, осветлувања и пристапност на јавен превоз, амбуланти, градинки, аптеки…се најголемиот приоритет! НАЈГОЛЕМИОТ. Тоа е хардверот на градот. Многу чинат и само стручни лица можат да го превземат ова. Јас драги мои, пишувам за софтверот. За меките работи. За културата, уметноста, за меѓучовечките односи. За нитката која само што не се скинала. За вистинскиот живот. Оној кој не чека откако ќе ја затвориме вратата дома. Овие работи не чинат ништо и не можеш да ги изразиш во евра, да ги покриеш со фондови, да отплаќаш камати. А чинат богатство. И во оваа немилосрдна трка на алчност и профит беа истуркани на маргините на општеството.

Социјалниот живот е многу битен за секој град. Многу луѓе се осамени, повлечени, мора да ги испровоцираме да се движат, да запознаваат нови луѓе. Да учествуваат во градскиот живот.

ЗАБРАНЕТ ВЛЕЗ ЗА НЕВРАБОТЕНИ – овој натпис може да стои пред секој театар, филхармонија, опера, балет, големи рок-концерти, музеи. Влезниците во театрите, сега и новата филхармонија, концертите, се влезници кои можат да си ги дозволат само малкумина. Знаете колку невработени има во РМ. Кажете ми кога ќе може една текстилна работничка со плата од 8-9000 ден да отиде на некој концерт во новата зграда на Филхармонија – никогаш! Кога прашав едно момче кое постојано доаѓа на клупата во Музејот на современата уметност: ја сакаш? (мислам на Современа) – Ми рече: “Да. Барем можам да видам дел од изложбата низ овие стакла.” Што е помачно од тоа за една држава која нели, толку многу ја сакаме.

Една сума од паркинзи нека се насочи во фондот за влезници во театри, музеи, концерти – да се симне под итно скороевичкиот и квази елитизам од овие институции. Да се симне барокот од граѓаните.

Поздрави рој,

Вашата севселенска градоначалничка