„Луфтханза“ планира да ги обнови летовите на повеќе од 130 дестинации во јуни, обидувајќи се да реактивира дел од авионите што беа приземјени поради пандемијата на корона вирусот, објави денеска германската авиокомпанија.

Сите членови на групацијата ќе изведуваат 1.800 летови неделно до крајот на јуни, соопшти раководството. Билетите се во продажба од денес.

Најавата за обновување на летовите доаѓа во време кога авиокомпаниите сè уште прават планови за реактивирање на авионите, поради неизвесноста во врска со побарувачката, новите здравствени мерки и карантинот на некои пазари.

Летовите ги започнаа и другите членови на групата СВИС, „Еуровингс“ и „Брасел ерлајнс“, пренесува Хина.

„Луфтханза“ преговара со владата за програмата за помош во вредност од девет милијарди евра од германскиот фонд за економска стабилизација за да ги надмине последиците од пандемијата и падот на патувања во периодот по смирување на заразата со коронавирусот. А.Р.