@shutterstock

На врвот на списокот на најмоќните земји во светот и во 2020 година останаа Соединетите држави. По нив следат Русија, а потоа и Кина. Србија напредува во однос на претходната година.
Списокот е направен врз основа на влијанието на државите, како и нивната политичка, економска и воена моќ. Списокот на 80-те најмоќни земји во светот се заснова на одговорите на 21.000 луѓе и го направи медиумската компанија „Ју-Ес њуз“ и „Светски извештај“, пренесува Инсајдер.
Од регионот, Србија, Хрватска и Словенија се наоѓаат на листата на 80 најмоќни земји, а Северна Македонија ја нема ни оваа година.
Од земјите од поранешна Југославија, Србија е најдобро пласирана. Таа се најде на 44-то место, за разлика од минатата година, на 52-то место и е опишана како „мала земја во центарот на Југоисточна Европа, со богата воена историја уште од средниот век. Современата Србија е отелотворена противречност на модерната Европа – културно богата, економски развиена, но сепак водена од регионалното ривалство и етничката напнатост “.
Што се однесува до Хрватска, таа се најде на 67-то место, што е подобра позиција од ланската 75-та. За нејзе „Ју-Ес уз“ го пишува следново: „Хрватска беше создадена на крстопатот на големи истории на движења од исток и запад. Политичките промени уникатно ги обликуваа нејзините денешни граници, кои се протегаат околу Босна и Херцеговина и по Јадранското Море до Италија. Нејзиното крајбрежје нежно се прелева кон Алпите, продолжувајќи северозападно кон плодните рамнини околу Дунав“.

Словенија се најде на 73-то место, на крајот на списокот.

@shutterstock

Првите 10 позиции ги добија:
10) Саудиска Арабија
Оваа земја падна на листата за една позиција во однос на минатата година, а „Ју-Ес њуз“ ја нарекува „гигант на Блискиот исток“ заради големината на државата и ја потенцира нејзината важност за муслиманите, бидејќи милиони посветени верници доаѓаат секоја година во Мека.

9) Јужна Кореја
Јужна Кореја скокна за едно место на списокот. Сега е во центарот на вниманието најмногу поради конфликтот со Северна Кореја.

8) Израел
Израел ја задржа својата позиција и со оглед на малата големина, се покажа како важен играч во глобалните работи. Оваа земја има силна економија, знаменитости што се важни за повеќе религии и ги залади односите со многу арапски соседи.

7) Јапонија
Јапонија, исто така, го задржа своето место од минатата година, а „Ју-Ес њуз“ ја нарече „еден од најписмените и технички напредните нации во светот“.

6) Франција
Франција исто така остана на своето место, а нејзиното влијание врз целиот свет, како во минатото, така и во сегашноста, е немерливо. Таа е една од најстарите земји во светот и денес влијае на глобалниот развој со својата наука, политика и развиена економија, но пред сè со својата култура.

5) Обединетото Кралство
Оваа островска нација ја задржа својата позиција од минатата година и е опишана како „високоразвиена нација која влијае на светската економија, политика, наука и култура“. Нејзиниот стремеж да ја напушти Европската унија ја загрозува нејзината сила на глобално ниво.

4) Германија
И Германија остана на својата позиција. Оваа најнаселена земја на Европската унија има една од најсилните економии во светот и многу важна улога во развојот на општеството ширум светот.

3) Кина
Кина го држи високото трето место. Таа е дом на најстарата цивилизација во светот и земја со најголемо население и важи за четврта по големина земја по површина.

2) Русија
Русија се уште е на второто место. Таа е најголемата земја во светот во однос на површината – скоро двојно поголема од големината на Канада и ја опфаќа цела северна Азија и поголемиот дел од источна Европа. Граничи со голем број на земји и ги споделува своите поморски граници со Јапонија и САД.

1) САД
Америка го задржа првото место на списокот на најмоќните земји во светот. Ju-Es News ја нарекува „најголема доминантна економска и воена сила во светот“, која има културно влијание врз целиот свет благодарение на филмската, телевизиската и музичката продукција.