четврток, април 25, 2024
домаСпортРакометМакедонската ракометна репрезентација вечерва со деби на СП во Египет

Македонската ракометна репрезентација вечерва со деби на СП во Египет

Македонската ракометна репрезентација вечерва стартува со натпреварите на Светското првенство во Египет, во дуелот против Шведска, од 20:30 часот. Ова е втор натпревар од првото коло во група Г. Синоќа домаќините славеа против екипата на Чиле.

Репрезентативците на Данило Брестовац, како прва резерва, во последен момент, добија можност да настапат на Светското ракометно првенство бидејќи корона вирусот ги спречи Чесите да настапат.

Македонската репрезентација после 22 се враќа во Египет, каде беше дел од Светското првенство во 1999 година. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ