Во Амбасадата на Црна Гора во Македонија денеска беше потпишан меморандум за соработка помеѓу двата оркестри – Македонската филхармонија и Црногорскиот симфониски оркестар. Официјално беше потпишан договорот, кој опфаќа и една далеку поширока културна соработка, а потоа Црногорскиот амбасасадор во Македонија Предраг Митровиќ потписниците ги покани да наздрават со македонска жолта ракија.
Црногорскиот диригент го истакна значењето на диригентот Борјан Цанев во воспоставување на овој мост на културна соработка. Исто така беше назначено дека допрва претстојат значајни уметнички соработки меѓу овие два оркестри, но со визија за уште поголема уметничка платформа и вклучување на уметнци од целиот регион.
Вечерва (трети декември 2017), во 20 часот во Македонската филхармонија, Црногорскиот симфониски оркестар ќе одржи концерт, под диригентската палка на Григориј Краско. Како солист ќе настапи реномираниот гитарист Горан Кривокапиќ. Билетите се по 300 и 400 денари.