Србија ќе ги отвори своите граници за проток на луѓе целосно од 1 јуни, но само со четири околни земји – со Северна Македонија, Албанија, БиХ и Црна Гора движењето ќе биде целосно либерализирано.

Кризниот штаб за заштита на здравјето на населението од заразната болест Ковид-19, и препорача на Владата на Србија целосно да ги отвори границите за граѓаните од 4 соседни земји – Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора и Северна Македонија, соопшти српската Влада.

Оваа одлука е донесена затоа што ниту една од овие земји не била жариште на коронавирус, пишуваат „Блиц“ и „Курир“.

Се додава дека одлуката е донесена пред се заради студентите од Република Српска и Црна Гора, кои ќе циркулираат меѓу трите држави.

Границите на Србија за патен, железнички и речен сообраќај се затворени од 20-ти март.

Кога станува збор за доаѓање во Србија, Владата на Србија донесе одлука дека негативниот тест за вирусот ќе биде услов за влез во земјата, односно слободно движење. Ако лицето кое се враќа во земјата не го направи тестот, ќе треба веднаш да биде испратено во домашна изолација 14 дена. А.Н.