Група македонски туристи кои се наоѓаат на туристичко патување во Барселона бараат помош за да се вратат дома. Во писмото кое се дели на социјалните мрежи пишува дека 150 македонски државјани кои треба да се вратат со летот на Wizzair  на 20 Март според досегашните информации кои ги имаат нема да можат да слетаат бидејќи аеродромот ќе биде затворен. Тие бараат помош од македонската влада да им биде дозволено да слетаат, да се направо отстапки како итен случај, бидејќи не знаат што да прават во Шпанија, која патем исто така е погодена од вирусот.

Вечерва се очекува да слета авион од Брисел, во кој како што најави и самиот министер Филипче имаат сознанија дека има лица кои се сомнителни како носители на вирусот.

Министерот за надворешни работи вчера соопшти дека МНР формирa координативно тело за помош и поддршка на македонските државјани кои се наоѓаат затекнати на граничните премини на други држави и аеродроми, поради новонастанатата ситуација поврзана со коронавирусот (COVID-19).

Сите македонски граѓани во вакви ситуации информациите да ги доставуваат преку следните канали на комуникација:

+389 75 273 732 (редовна линија, Viber и WhatsApp)

+389 75 446 647 (редовна линија)

+389 70 282 078 (редовна линија, Viber и WhatsApp)

Електронска пошта: globalsos@mfa.gov.mk

Од МНР апелираат врз основа на официјалните мерки и препораки, сите државјани кои живеат или престојуваат во земјите со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето во Северна Македонија во овој период.

Н.С.