Францускиот претседател Емануел Макрон е позитивен на коронавирусот, официјално објави Елисејската палата. Макрон е во самоизолација во Елисејската палата.

– Во согласност со важечките здравствени прописи што важат за сите, претседателот ќе биде во самоизолација седум дена и ќе продолжи да работи од далечина – објави во четвртокот прес-службата на претседателот, пренесува „Ле Паризиен“.

Во соопштението се вели дека Макрон „сè уште е одговорен“ за водење на земјата, а сите други состаноци ќе се одржуваат преку видео конференција. А.Р.