Нинослав Јовановиќ Фото facebook

Нинослав Јовановиќ, киднаперот од Малча, беше осуден на доживотен затвор од Високиот суд во Ниш, точно една година по апсењето. Јовановиќ, наречен Малчански бербер, беше осуден на 11 години затвор за киднапирање, и на доживотен затвор за злоупотреба на дете. Неговиот притвор ќе биде продолжен се додека не биде префрлен во затворот каде ќе ја издржува казната.

Ова е прва казна доживотен затвор, која е пропишана со законот на Тијана, кој стапи на сила на 1 декември 2019 година. Јовановиќ беше уапсен на 5 јануари на гробиштата во Малча.

Потрагата по него започна на 20 декември, по основаните сомневања дека во населбата Брзи Брод киднапирал дванаесетгодишната М.К. која тргнала на училиште од нејзината куќа во Суви Дол. Девојчето беше пронајдено по 10 дена потрага во селото Јасеновик, а Јовановиќ уште седум дена успеа да бега од потрагата која дотогаш не беше видена во Србија.

Јовановиќ претходно беше ослободен од затворот во кој беше осуден за сексуално вознемирување преку социјалните мрежи.  Тој претходно во два наврати беше осуден за силување, на 10 и 12 и пол години затвор.

Судскиот процес беше затворен за јавноста цело време. А.Н.