Неодамна беше промовирана песната „Мило чедо“ пред македонската публика, на концертот на маестро професор Марјан Јанкоски, автор и изведувач на песната, посветена на Тоше Проески (1981-2007).
Вокално-инструменталната композиција „Мило чедо“ која што се наоѓа на најновиот студиски албум на Марјан Јанкоски и „Портал“, насловен „Рожба“, е комплетно авторско дело на Марјан Јанкоски (автор на музика, етноинструменталист и идеен творец на „Портал“).
Тоа е композиција која е созревана во изминатите 10 години. Песната настана како резултат на повеќегодишната желба на Марјан каде решава преку песна да го овековечи ликот и делото на големиот пејач Тодор Проески, своевремено негов близок пријател и соработник.
„Тоа е композиција чија идеја ја носев и созревав во последниве 10 години. „Мило чедо“ ја напишав во чест на мојот другар и колега со кого поминав дел од својот живот. Во континуитет чувствував внатрешно задолжние дека треба да направам нешто за тој лик, да му се оддолжам на некој начин за с? она што и тој го направи за мене, но и за сите нас. Тоше остави непроценливи дела и како уметник и како човек. Тоше заслужува многу повеќе од ова што го направивме за него“, изјавува авторот.
Композицијата „Мило чедо“ го опишува животот на Тодор почнувајќи од самото негово раѓање, детството поминато во Крушево, неговото школување во Битола, понатаму дошколувањето во Скопје, делувањето како пеач внатре и надвор од земјава, неговата поврзаност кон семејството и родниот крај, па с? до заминувањето на неговата душа во вечноста. Сето тоа гледано од страна на неговиот другар.
Авторот на песната, Марјан и неговиот другар Тоше, својата прва средба ја остваруваат во Битола како ученици во Државното средно музичко училиште. Понатаму, повторно се среќаваат и другаруваат и во Скопје кога Тоше се запишува на Факултетот за музичка уметност. Од тука па натаму тие постојано музицираат, стекнуваат уште поголема доверба и стануваат соработници во музиката. Како резултат на нивната соработка како позначајни остварувања ќе ги спомнеме:
Заеднички настап во храмот „Свети Климент Охридски“ во Скопје по повод 2000 години христијанство – целовечерен концерт на хорска музика (2001 година);
Заеднички настап во МАНУ (во чест на издавање на Монографија за претседателот Борис Трајковски во кој учествуваат: Симон Трпчевски – пијано, Борис Трајанов – баритон, Тодор Проески – тенор и Марјан Јанкоски – кавал) – 2004 година;
Учество во големиот концерт на Тоше Проески на Градски стадион (учество со кавал во композициите: „Тајно моја“, „Полско цвеќе“, „Јовано Јованке“, „Ангел си ти“, „Пуче пушка“) – 2006 година
Учество во албумот „Божилак“ (учество со кавал во композициите: „Се посврши сербез Донка“ и „Море сокол пие“) – 2006 година.
ДВД издание: „Тоше Проески – Градски стадион“ (2006 година)
Учество во големиот концерт на Тоше Проески во Београдска Акрена (учество во композициите: „Тајно моја“ и „Полско цвеќе“) – 2007 година
ДВД издание: „Тоше Проески – Београдска Арена“ (2007 година)

Во реализацијата на песната „Мило чедо“ учествуваа:
Музичкиот состав „Портал“:
Марјан Јанкоски – кавал, вокал
Ангеле Михајловски – пијано
Сашко Петрев – тамбура
Иле Колев – кларинет
Елена Ѓоргиевска – виолина, вокали
Златко Панов – виола
Стојанче Наумовски – виолончело.
Ратко Даутовски – ударни инструменти
Марина Јаневска и Катерина Станчева – вокали.
Песната „Мило чедо“ ( односно албумот „Рожба“), се снимаше во студио „Кларион“ – Скопје.