После три години пауза, најквалитетниот пејач на Балканот, без конкуренција, Масимо Савиќ и еден од најомилените артисти на македонската публика, доаѓа во Скопје со два ексклузивни концерта на 03-ти и 04-ти февруари, најави „Авалон продукција“.

Масимо овој пат ќе има свое деби во најубавата концертна сала на овие простори- салата на Македонската филхармонија.

Публиката ќе има можност да ужива во „best of” програма, каде што Масимо и неговиот супер бенд ќе ги изведат најголемите хитови: „Из једног погледа”, „Странац у ночи”, „Додирни ме случајно”, „Да могу”, „Сузе нам стале на пут”, „Остани ту”, „1000 људи”, „Кладим се на нас” и уште многу други песни кои ја одбележаа неговата 30-годишна музичка кариера.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од утре (18.12) во 9 часот наутро, по цена од 1.500 денари и ограничена количина на ВИП влезници по цена од 2.000 денари, а истите ќе бидат достапни за купување во „Avalon Music & Ticket store“ во ГТЦ, продажната мрежа на Авалон низ земјава и онлајн на avalon.mk.

Организаторот „Авалон продукција“ посочува дека се одржуваат само два ексклузивни концерта, а концертите на Масимо секогаш се распродаваат за брзо време.