Илон Маск ФОТО: EPA-EFE/Patrick Pleul

Милијардерот Илон Маск дал понуда да ја купи социјалната мрежа Твитер, пренесува „Дојче веле“.

Основачот и директор на компанијата „Тесла“ нуди 41,39 милијарди долари (37,92 милијарди евра) за купување на Твитер или 54,20 долари по акција. Во споредба со цената на акциите пред Маск да стане сопственик на околу девет отсто од акциите на компанијата на 1 април, тоа е зголемување од 38 отсто.

„Инвестирав во Твитер бидејќи верувам во неговиот потенцијал да биде платформа за слобода на говор ширум светот. „Верувам дека слободата на говорот е социјален императив за функционална демократија“, напиша Маск во писмото до претседателот на Твитер, Брет Тејлор.