четврток, април 25, 2024
домаКујнаМаја Павловска ќе изложува на Националните денови на уметноста во Холандија

Маја Павловска ќе изложува на Националните денови на уметноста во Холандија

Валентина Ѓоргиевска Парго

Големи предизвици се пред познатата уметница и текстописец Маја Павловска, која повеќе од една деценија живее и твори во Холандија. Имено, од 12 мај годинава таа е официјален член на Националната асоцијација на визуелни артисти на Холандија, а со тоа член и на престижната асоцијација АДАФ. Како член, доби покана да учестува на голема и значајна заедничка изложба.

-Добив покана на 10 и 11 ноември да учествувам на Национални уметнички денови на Холандија, и честа е огромна. Сето тоа се случи по препорака и сугестија на еден професор кој ме внесе во сево ова, тој неодамна иницираше моите цртежи да се покажат пред широка публика. И така почна се. Исто како и во Македонија што бев поттикната од историчарот на уметност, мојот прв сосед, сега за жал покоен, Жарко Този, да ги направам моите самостојни изложби таму, за кои и самиот напиша критика за мојата уметност од негов аспект.Така и овде ми се случи да бидам поттикната и охрабрена од историчарот на уметност и академски сликар Шуќо Шаркиновиќ, кој живее и работи во Холандија повеќе од 40 години, како професор и историчар по уметност и ликовен уметник. Сега очекувам да го напише неговиот аспект на гледање на мојата уметност, ни открива сестраната уметница Павловска.

На заедничката изложба планира да се претстави со неколку модерни актови во стилот на модерен фигуратизам и дел од нив сликани со сув пастел, а дел со акрил на платно.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ