Родителите кои не успеаа да ги запишат децата во градинка поради панедимијата, а некои го одолговлекуваа запишувањето поради тоа што Комисјата предлагаше продолжено породилно до 31 декември, подготвени се од 23 месецов своите деца секое утро децата да ги остават пред Владата на РСМакедонија. Од 23ти септември незапишаните деца во градинка ќе и ги носат на министерката Шахпаска, бидејќи како што велат револтиранитре мајки, само таа знае кај има место во градинките и таму ќе ги разнесува. Родителите на ова се подготвени откако Владата денеска излезе со соопштение со кое сака да им порача „да не протестираат бидејќи се им е залудно„ или како што се вели во соопштението нивните барања се беспредметни по отворањето на градинките.

Имено, во соопштението што владината прес служба го објави се вели дека Одлуката што ја донесе на својата 4-та седница одржана на 14 септември 2020 година, сите родители на деца од 0 до 6 години, кои досега беа ослободени од работниот процес, да се вратат на работа почнувајќи од 23 септември 2020 година, е донесена по претходна анализа и консултација со Комисијата за заразни болести

Според Владата, со отворањето на установите за згрижување и воспитување деца на 9 септември 2020 година и анализата која покажа дека градинките имаат капацитет да ги згрижат децата согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитување на деца, кој на минимум го сведува ризикот од ширење на вирусот КОВИД-19, мерката родителите на децата од 0 до 6 години да бидат надвор од работниот процес ја губи смислата.

Во соопштението без нималку емпатија кон децата, а и кон ветувањата на актуелниот премиер Зоран Заев дека здравјето на децата е најважно и пред се, сега наеднаш Владата ја притиснала Комисијата за заразни болести и ги менуваат протоколите за градинка, па наместо 6, децата во јасли ке можат да бидат до 12 деца во група. Родителите најавуваат дека доколку едно дете се разболи, ќе ги тужат за обид за убиство бидејќи свесно ги втурнуваат децата во вителот на пандемијата!!!

И упорно ја дезинформираат јавноста дека во градинките има место и дека сите деца може д аодат во градинка, а родителите на работа. Но, родителите бараат да се каже во кои градинки има место и колку! Мајките ја прашуваат министерката Шахпаска дали децата од Скопје треба да ги носат во градинка во Берово, бидејќи таму имало слободни места?

Од Владата, кои најверојатно имаат големи деца и немале проблем со запишување на деца во градинка, не знаат или заборваат дека пред пандемијата се чекаше со месеци за запишување во градинка, а сега наеднаш се отворија места, а градинки нови колку што се знае не се отворија!

Според Владата потребата на родителите да не одат на работа е беспредметна, според родителите, пак, единствено легитимна. Тие информираат дека и покрај притисоците и заплашувањата што им стасуваат денеска до 17 30 до 19 часот ќе протестираат пред Владата и ќе бидат истрајни во нивните барања! И ги повикуваат сите добронамерници да им се придружат!

Н. Доковска