четврток, април 25, 2024
домаЖивотМајките утре во неколку града ќе протестираат за продолжување на породилното отсуство

Мајките утре во неколку града ќе протестираат за продолжување на породилното отсуство

Група родители корисници на продолжено породилно отсуство за утре, 17 септември, го закажаа најавениот протест против Одлуката на Владата да се прекине мерката – продолжено породилно остуство, со што од 23 септември треба да се вратат на работа корисниците на продлжено породилно отсуство. Протестот е закажан во периодот од 17 30 до 19 часот пред Владата на Република Северна Македонија.

Имајќи предвид дека станува збор за голема бројка на мајки од цела држава, а кои поради неможност сите да дојдат во Скопје, утре во исто време ќе протестираат и мајките во Охрид, Битола Штип и Прилеп.

Организирани и истрајни во своите барања инсистираат продолженото породилно да биде до 31 декемрви оваа година како што предложи Комисијата за заразни болести. Во нивното соопштение тие објаснуваат зошто протестираат и велат:

„Протестираме бидејќи:

1. Во пракса нема да се изведе зголемување на број на деца во група од 6 на 12 зашто ниту има време доволно да се обезбедат простор/кадар ниту градинките имаат капацитет, така што сѐ ќе остане само во теорија, а во пракса одговорот кој ќе го добиеме од градинките ќе биде: Не запишуваме нови деца, капацитетот е пополнет, за кое сведочат и стотици мајки кои оваа година се обидоа да ги запишат своите деца во градинка.
1.1 Како ќе се запазат протоколите и зошто истите се сменети кога согласно истите е заклучено дека безбедна група за деца 0-2 години е да се по 6 во група, а не 12?
2. Периодот на адаптација за бебе да тргне во градинка и да се научи на јадење храна и негувателки е минимум месец дена, а не 1 недела.
3. Кога ќе бидат повторни уписи за оние деца чии мајки за време на уписите беа на породилно и без потреба да ги запишат децата во градинка?
4. Во време на пандемија е огромен ризик да се изнајми лице да го чува детето, а баби/дедовци се кревка категорија.
5. Огромен број мајки ставени меѓу два огна – дали да се борат за финансиска егзистенција или добробит на најмалите – ќе ги изберат своите деца и ќе дадат откази за да може да ги чуваат
6. Во период кога пандемијата беше на најниско ниво важеа построги мерки и полициски часови, а сега кога бројката на починати и заразени е во постојан пораст а се јавува и фактор сезонски грип, се ризикува здравјето на најмалите
7. Кој ќе ја покрие платата на мајката која се вратила на работа доколку во група во градинката се појави заразен случај и детето како и цело негово семејство треба да одат во изолација?
8. Како ќе се обезбедат капацитети за заразени деца, зашто како што е познато малите во градинка се без имунитет и во сезона на обичен грип најголем дел од нив се болни со недели, а не во период на глобална пандемија, кога за деца е предвидена само болницата Козле?
9. Во период кога сите земји и соседи интензивно се подготвуваат за есенскиот појачан бран на вирусот, зошто на ризик се ставаат кревките категории и се враќа се во нормала?“ 

Како што дознава ТЕХТ.МК од Владата нема реакција на најавениот протест, ниту пак најава дека постои воља за разговор на оваа тема со мајките. Од Владата се на став дека со отворањето на градинките бесмислено е останување на родителите дома.

Н.Д.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ