Меган Маркл го откажа своето гостување во живо во емисијата „Добро утро Америка“, а наместо интервју, ќе се емитува нешто друго, пренесуваат странските медиуми.

Сопругата на Хари требаше да се појави во телевизиското шоу за прв пат по напуштањето на кралските должности, но Меган сепак нема да се појави во живо.

Таа требаше да зборува за документарниот филм на Дизни „Слон“ каде се најде во улога на наратор. Филмот беше прикажан на каналот „Дизни+“ на 3 април, а оние што го гледаа тврдат дека Меган звучи смирено, безбедно и јасно во него.

Сепак, Меган нема да се појави во живо и да зборува за нејзината улога, туку наместо интервју, ќе се емитува дел од филмот „Слон“.

Според странските медиуми, Хари и Меган ја купиле луксузната вила на актерот Мел Гибсон во Калифорнија. Поранешната кралска двојка, наводно, платила дури 13,7 милиони евра за имотот.

Кога се откажаа од кралските должности, Меган и Хари се преселија во Канада поради понискиот данок, а среде епидемијата на корона вирусот, заминаа со приватен авион во Лос Анџелес, каде ја купија скапата вила. А.Р.