четврток, април 25, 2024
домаЖивотСценаМеган Фокс се раздели од сопругот со кого е заедно од 18...

Меган Фокс се раздели од сопругот со кого е заедно од 18 години

Неодамна имаше многу шпекулации за разводот на Меган Фокс (34) и Брајан Остин Грин (46), а актерскиот пар не зборуваше на оваа тема долго време, се досега. Актерот реши да проговори и со тоа потврди дека овие гласини се вистинити, како и дека се обиделе да го одржат десетгодишниот брак, но без успех.

Тој истакна дека Меган Фокс го напуштила и дека не ја исклучува можноста да се смират, но дека моментално се во пријателски односи.

“Јас секогаш ќе ја сакам. Исто така знам дека таа ќе ме сака, затоа што она што го создадовме заедно и нашето семејство е нешто многу посебно”, објаснил актерот кој со Меган има три сина Џурни Ривер (3), Боди Ренсом (6) и Ноа Шенон (7).

Гласините за разводот на славната двојка започнаа кога Меган беше фатена во друштво на еден рапер.

Во својата емотивна исповед, Брајан исто така објасни дека имало чудна атмосфера по снимањето на нејзиниот последен филм, но дека тоа го припишувал на замор.

„И дадов неколку недели, па мислев дека работите ќе се вратат во нормала. Мислев дека таа е само уморна затоа што имала тешко снимање“, изјавил актерот.

Меган и Брајан врската ја почнаа во 2004 година на снимањетона серијата „Хоуп и фејт“, кога актерката имаше 18, а актерот 30 години, за по две години врска да падне и понуда за брак. Три години подоцна ја раскинаа свршувачката, за набрзо да се смират, а едно барање за развод имаа пред да се роди нивниот најмлад син, но го повлекоа поради бременоста на Меган. Странските медиуми пишуваат дека парот, наводно, сè уште не се одлучил за развод, туку само се разделиле и решиле да живеат одвоено. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ