ЕБУ прати официјален допис за шпекулациите дека пејачот од победничката група “Менескин” шмркал дрога во Зелената соба, за време на преносот на големото финале.

“Ние сме свесни за шпекулациите околу видео клипот на италијанските победници на Евровизија, во Зелената соба. Бендот силно ги демантираше наводите за употреба на дрога и пејачот доброволно ќе направи тест за дрога по пристигнувањето дома. Ова беше побарано од нив синоќа, но не можеше веднаш да се организира од страна на ЕБУ, се вели во соопштението.

Бендот, нивниот менаџмент и шефот на делегацијата не известија дека нема никаква дрога во Зелената соба и објаснија дека стаклото на нивната маса е од скршена чаша и тоа беше расчистено од пејачот. ЕБУ може да потврди дека искршеното стакло е пронајдено по проверка на самото место. Сè уште внимателно ги гледаме снимките и навремено ќе ажурираме со дополнителни информации, се вели во официјалниот допис од ЕБУ. В.Ѓ.