четврток, април 25, 2024
домаМерките во Хрватска се олеснуваат: Се отвораат градини и спортски сали

Мерките во Хрватска се олеснуваат: Се отвораат градини и спортски сали

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ најави дека, поради подобрената епидемиолошка состојба во земјата, некои мерки ќе бидат олабавени.

„Во споредба со минатиот четврток, сега бележиме одредено зголемување. Сè уште не ги знам причините за овој тренд: студ, олеснување на мерки, опуштање на моделот на однесување…Ние сепак и натаму треба да бидеме многу внимателни. Денес сме до Данска, земја со најмала инциденца на земји во ЕУ во однос на нови инфекции. Добро е што е намален бројот на новоинфицирани и хоспитализирани, оние на респиратори, починати, оние кои се во самоизолација “, рече Пленковиќ на владината седница.

Пленковиќ најави отворање на тераси и овозможување работа на отворен простор, но со епидемиолошки мерки.

„Во однос на спортот, ќе се овозможат тренинзи во затворени простории“, рече тој. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ