Меѓународниот ден на сеќавање на катастрофата во нуклеарната централа Чернобил во 1986 година ќе биде обележан низ целиот свет.

Експлозијата во нуклеарната централа во Чернобил во Украина испрати радиоактивен облак низ големи делови на Советскиот Сојуз, денешните територии на Украина, Русија и Белорусија, а речиси 8,4 милиони луѓе во овие земји беа изложени на радијација.

Несреќата се случи при тестирање на безбедноста на реакторот во случај на прекин на електричната енергија. Две лица загинаа во самата експлозија, а неколку десетици загинаа во следните денови, месеци и години од акутни последици од радијацијата и од рак. Блискиот град Припјат е целосно напуштен.

Во 2016 година, ОН го прогласија 26 април за Меѓународен ден на сеќавање на катастрофата во Чернобил, а национален ден на сеќавање е востановен и во Русија и Белорусија.