Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 4 пациенти; пациентка од Скопје (79г), пациент од Велес (58г), пациент од Прилеп (67г) и уште еден пациент од Скопје (63г).

Денеска во Штип се регистрирани 3 оздравени пациенти од Ковид-19, кои со лесна форма на болеста се лекуваа во домашни услови. Во изминатите 24 часа се дијагностицирани 26 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје -4, Куманово – 11, Прилеп – 3, Тетово -4, Велес – 2, Кочани -1 и Пробиштип -1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 854 лица. Според местото на живеење, досега се најмногу регистрирани има во Скопје – 316, по што следи Куманово – 211, па Прилеп 75, Дебар – 49, Струга – 43, Тетово – 37, Велес – 32, Штип-27, Кочани – 22,  Битола –9, Гостивар –8, Охрид –4, Гевглелија – 4, Радовиш – 4, Кавадарци – 3,  Крива Паланка-3, Крушево – 3, Струмица – 2 и Пробиштип – 2.

Н.С.