четврток, април 25, 2024
домаЖивотСоцијална политикаМЗ тврди дека нема проблем со сертификатите за вакцина, но апликацијата commonpass...

МЗ тврди дека нема проблем со сертификатите за вакцина, но апликацијата commonpass се уште е неактивна

По реакцијата на ТЕХТ.МК за повлекувањето на ЕУ Сертификатите за вакцина, Министерството за здравство соопшти дека во текот на вчерашниот ден, граѓаните кои имаат генерирано EU сертификат за вакцинација преку vakcinacija.mk , треба да генерираат нов преку веб порталот. Според МЗ станува збор за безбедносен протокол со цел да се спречи користење на лажни EU сертификати, со лажни имиња и лажни податоци.

Сите земји што имплементирале EUDCC , како што се посочува, се соочуваат со постојани напади на нивните системи од трети, малициозни страни. Меѓу нив е и Република Северна Македонија. Во информацијата од МЗ се вели дека вчера трети страни успеале да изгенерираат четири лажни EU сертификати, со лажни имиња и лажни лични податоци, а на сертификатот пишувало дека истите примиле вакцина во Република Северна Македонија.

„Во лажните EU сертификати не биле напишани имиња и податоци на наши државјани. Личните податоци на нашите граѓани се безбедни и нивната сигурност не е нарушена, а воедно, безбедноста на системите е зголемена и активно се следи и подобрува, што придонесува во иднина да се избегне ваков случај“, информираат од Министерството и нагласуваат дека нивни тимови се во постојана комуникација со тимовите за сајбер – безбедност што ја поддржуваат инфраструктурата на EUDCC, ангажирани од Европската Комисија.

Со цел поништување на лажните сертификати и обезбедување на зголемена заштита, EU сертификатите на граѓаните на Република Северна Македонија се одново генерирани. Секој граѓанин може на многу едноставен начин, за помалку од една минута, да го преземе својот личен EU сертификат преку пристап на порталот vakcinacija.mk , посочуваат од Министерството за здравство и додаваат дека не станува збор за генерирање или повлекување од употреба на Националниот сертификат за вакцинација, туку за генерирање на EU сертификатот кој исто така може да се преземе на vakcinacija.mk како и CommonPass.

При нашата проверка да се преземе сертификатот и истиот да се закачи на апликацијата CommonPass повторно има грешка, односно апликацијата не може да се симне и да се стави на мобилни телефони кои подрржуваат андроид платформа. Тоа значи дека еу ковид пасошите треба да се испринтаат и во печатена форма да се носат, додека на мобилните телефони не може да се инсталира апликацијата.

Н.Д.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ