четврток, април 25, 2024
домаЖивотМЗ: Тројца починати и 15 новозаразени во последното деноноќие

МЗ: Тројца починати и 15 новозаразени во последното деноноќие

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција информира дека во последното деноноќие починале тројца, а има 15 новорегистрирани случаи. Двајца од починатите немале историја на болести пред појавата на вирусот, додека еден од починатите имал тумор на мозокот. Двајца од починатите се од Тетово, на 69 и 65 години, а третиот пациент е од Кочани, и тоа 40 годишен маж кој бил и првиот регистриран случај од Кочани.

Седуммина заболени имале негативни тестови и се сметаат за излечени.

Од 15те новозаболени, најголем број се од Куманово- осум, четири лица се од Скопје, додека по еден пациент има од Тетово, Струга, Штип.Бројот на заболени од Ковид 19 во моментов изнесува 570, изјави Филипче.

Епидемија го смени својот тек, а луѓето помалку ги почитуваа пропишаните мерки, особено со промената на времето, поради што неопходни се нови, порестриктивни мерки, објасни Филипче.

На Инфективната клиника има примено 10 нови пациенти, вкупно 70, од кои осум се на механичка вентилација, а десет се со потешка клиничка слика. Во болницата „8 Септември“, четири пациенти се примени и за нив се чекаат резултати. Во Битола, во моментов има еден хоспитализиран, дојден од Охрид каде претходно бил во болница, откако Битола е прогласен за регионален центар за прием на заразени со корона вирус. Во Штип има четворица пациенти со лесна клиничка слика.

RELATED ARTICLES

Most Popular