четврток, април 25, 2024
домаЖивотМинистерката Царовска задоволна од постигнатото во образованието во изминатите 100 дена, вели...

Министерката Царовска задоволна од постигнатото во образованието во изминатите 100 дена, вели дека 90% од децата успешно следат настава

На денешната прес – конференција, министерката за образование и наука Мила Царовска се обиде да ја претатсви нејзината (не)успешност во изминатите сто дена од оваа влада. Колку била (не)успешна веројатно ќе оцени народот и ониеродители на  деца кои (не)успеаа да ја следат он лајн наставата, наставници кои не упеаја да се снајдат со интернет и лап топ, матурантите кои (не)веруваат во она што е кажано, граѓаните кои (не) сакаат промени на наставната прогама, особено укинување на предметот историја…

Минситерката Мила Царовска во однос на нејзиниот ангажман и оствареност на пресот меѓу другото кажа:

„„Имаме помалку од 1 % заразени ученици и наставници. Истовремено учениците и наставниците се постојано дел од наставата, односно над 90% од учениците успешно следат онлајн настава. Постигнавме резултати во 5 области, пристап до навремено, достапно и квалитетно образование за секое дете во услови на пандемија, реформи во образованието, инвестиции во науката, капитални инвестиции и политики за стипендирање. Најважно е што дури и во време на пандемија имаме континуитет во образованието, односно со комбинираниот модел на настава – онлајн со физичко присуство и со емитување 15 минутни часови на македонски и албански јазик на Националната телевизија, обезбедивме стабилност во образовниот процес и успешно заврши оценувањето за првото тромесечје како и заокружувањето на првото полугодие од оваа учебна година“.
Таа посочи за важноста на државната матура. Имено, таа истакна дека истата ќе се одржи и покрај бојкот на средношколците.

„Матурата е задолжителна и тоа не само во нашата држава туку и во земјите од регионот и во развиените европски земји. Ние сме целосно спремни матурата да се спроведе на соодветен и безбеден начин, со концепцијата усогласена со формалните здруженија на средношколци и матуранти коишто беа на формален состанок во Министерството. Програмите се поедноставени, исто и прашањата, согласно условите во кои ќе се изведе оваа матура“ – истакна Царовска.

За новиот концепт на основно образование, кој ќе вклучи спојување на повеќе предмети во еден, како што се историја и географија, или биологија и хемија, е со цел децата да учат помалку факти, а повеќе да размислуваат и да поврзуваат, министерката за образование и наука, Мила Царовска вели не станува збор за укинување на предмети туку интегрирање на повеќе предмети во еден.

„Ваквиот интегриран пристап на наставни предмети во еден како главни носечки и правото на воннаставни содржи и изборни предмети е секаде во светот во развиените земји поставен како таков. На тој начин ги учи учениците да не помнат само факти, туку ги учи да учат и критички да размислуваат за одредена тема која се обработува во различните предмети, но се работи низ тематски пристап. Со тоа даваме и можност учениците да го постигнат и својот личен потенцијал затоа што ќе имаат право на два избори предмети во текот на годината и на тој начин тие ќе можат да го создаваат своето образование од најмала возраст“, рече Царовска..                   А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ