Групата родители на продолжено породилно боледување реагираше на денешната изјава на министерот Филипче, во која најавува дека со оторањето на градинките родителите ќе мора да се вратат на работа, а со тоа веројатно и да се укинат времените мерки кои овозожуваа еден родител на деца до 10 години да остане дома.

Во реакцијата што стаса до нашата редакција засегантите мајки кои се корисници на продолжено породилно отсуство прашуваат зошто ако протоколите за работа на училишта ги поштедуваат хронично болните и наставниците и им се дозволува работа од дома, тоа да не им се дозволи и на мајките со мали бебиња. Во реакцијата засегантите родители прашуваат како и кога ќе ги запишат децата во градинка и кога ќе почнат на работа да одат, кога во најмалите групи, во јаслите ќе се примаат само по шест деца, а побарувањата се многу поголеми…Само колку за потсетување во изјавата што ни беше дадена од МТСП градинките ќе може да згрижат 50% од бројот на децата кој бил запишан пред појавата на пандемијата. Прашање е што ќе се прави со останатите 50 отсто?!

Владата пред два дена најави дека од 9 септември се отвораат градинките и ги сподели усвоените протоколи, притоа препорачувајќи им на основачите на државните градинки да обезбедат простор за сите деца. Колку и дали е тоа остварливо веројатно само минситерот Филиче знае. Тој неодамна изјави дека се срами да каже, ама дека градинките се подготвени да се отворат уште во септември, притоа несрамејќи се, заборавајќи и избегнувајќи да објасни што ќе се случува со оние деца, пред се бебињата, кои не успеаа да се запишат во градинка?! Родителите кои до сега користеа продолжено продоилно боледување сега стравуваат дека ќе останат без работа доколку се укинат времените мерки и тие мора да се вратат на работа, а притоа нема каде да ги остават децата.

Со овој проблем патем почнуваат да се соочуваат и родителите на децата кои од 1 октомври треба да започнат со настава. Имено, скратените часови, одење во смени и немање целодневна настава исто така го отвора прашањето кој ќе се грижи за тие деца. Владата пред заминување најави нов сет на мерки кои ќе се однесуваат токму на родителите на овие деца, но без потенцирање што ќе се случи со оние кои се на породилно. Сепак, за жал, ни за едните, ни за другите групи родители се уште нема никаква одлука.

Како и да е, ред е некој да им објасни на родителите што да прават!

Н.Д.