Во 21 часот беа затворени избирачките места во земјава на кои се гласаше на предвременте парламентарни избори, а според Државната изборна комисија до 20.30 часот излезноста беше 50,84 проценти, односно правото на глас го оствариле 922.380 граѓани.

Најголема излезност е евидентирана во четвртата изборна единица – 59,78 отсто, а најмала во ИЕ6 – 39,22 отсто. Во првата изборна единица излезноста е 52,17 отсто, во ИЕ2 – 47,97 отсто, во ИЕ3 излезноста е 57,31 отсто, а во ИЕ5 50,14 отсто.

Во ИЕ1 најголема излезност од скопските општини има во Карпош 53,73 отсто, Кисела Вода 52,77 отсто, Аеродром 51,84 отсто, Сарај 52,02 отсто, Сопиште 59,55 отсто, а најголем одѕив е регистриран во Македонски брод – 70,09 отсто. Во ИЕ2 во Арачино гласале 47,21 отсто од вкупниот број гласачи, во Бутел 50,67 отсто, Ѓорче Петров 51,91 отсто, Старо Нагоричане 53,64 и во Шуто Оризари 33,58 отсто.

Во ИЕ3 најголема излезност има во Берово – 63,36 отсто, Велес 53,08 отсто, Делчево 58,67 отсто, Штип 56,65 отсто, во Петровец 55,15, во Крива Паланка 72,32 и во Илинден 52,44 отсто. Во ИЕ4 во Гевгелија гласале 69,25 отсто, Прилеп 61,23 отсто, во Неготино 69,95 отсто, во Богданци излезноста е 58,85 отсто, во Василево 58,07 отсто, во Гевгелија 69,25 отсто, во Демир Капија 69,47, во Кавадарци има излезност 62,53 отсто, а во Струмица 57,15 отсто. Во ИЕ5  излезноста е најголема во Битола – 56,57 отсто, во Дебар 40,28 отсто, во Кичево 51,58, во Крушево 70,21 отсто, во Ресен 48,72 отсто, во Струга 42,92 и во Охрид 54,63 отсто. Во ИЕ6 во Тетово и Гостивар излезноста е под 50 отсто односно 45,53 отсто и 37,9 отсто, во Брвеница 39,64, во Јергуновце 45,81 процент, делот од Кичево 37,25 што спаѓа во ИЕ 6 и Врапчиште 32,09 проценти.

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев соопшти дека генералната оценка на МВР е дека изборниот ден помина во мирна, фер и демократска атмосфера, а биле приведени 8 лица за изборни прекршоци. Имало 151 пријави во текот на изборниот ден од кои 31 не биле потврдени.

Полицијата регистрира 9 прекршоци од кои 3 се од изборниот законик а 2 за нарушување на јавниот ред и мир.

Од приведените 8 лица четворица биле приведени за фотографирање на гласачко ливче, три за сторени прекршоци, а едно лице бидејќи му биле пронајдени две гласачки ливчиња. Најголем дел од прекршувањата се на територија на СВР Струмица – 38 настани, а следат по 31 настан на подрачјето на СВР Скопје и СВР Штип, во СВР Битола регистрирани се 23 настани, СВР Куманово 14 настани, во СВР Тетово шест, СВР Велес 5 настани и 3 настани на подрачјето на СВР Охрид. А.Р.