Во Македонската опера и балет, на 11 декември 2017, младиот и талентиран моден креатор и дизајнер Мите Занов ја промовираше својата колекцијата „Миг” (Moment), за која изјави дека е инспирирана од творештвото на македонските скулптори.
Оваа модна линија е микс на конвенционални и неконвенционални материјали, со акцент на метални детали и еко-кожа и тул. Колоритот на оваа модна линија е  разигран и динаминеч, од јаки и интензивни бои до монохроматски.
Холот беше преполн, додека манекенките парадираа во пијано придруба и музика која одеше во заднина.
Талентираниот креатор, Мите Занов, наскоро најавува и едиторијал за истата.
Фото: Никола Илиевски