Преведувачот и  писател проф. д-р Драги Михајловски, писателот и новинар Ристо Лазаров, и актерот Петре Арсовски, се годинашни добитници на државната награда ,,11 Октомври“ во 2018 година, за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.

За животно дело во областа на здравството, наградата му  се доделува на на хирургот-уролог проф. д-р Александар Ставридис.

За добитниците одлучува Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври”, на чело со претседателот Драги Ѓоргиев. Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 11 Октомври во 12 часот во Собранието на Република Македонија.