Во интервју за Си Ен Ен, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис најави можност за почеток на туристичката сезона во Грција од 1 јули. Во интервјуто, меѓу другото тој вели бидејќи грчката економија е повеќе од 20% зависна од туризмот има голема можност летната сезона да започне од 1 јули 2020 година.

Но, тој напомена дека отворањето на границите се уште не е во „игра“. Грчкиот премиер Мицотаки за Си-Ен-Ен изјави:

„Ние не сме повеќе зависни од странскиот туризам како на пример Португалија, па дури и до одреден степен, и Шпанија. Сите јужни [европски] земји се многу зависни од туризмот “.

Грчкиот премиер продолжи да ги опишува потенцијалните услови што ќе им овозможат на странците да влезат во земјата, а тоа е претходно тестирање за КОВИД-19, европски здравствени протоколи и мониторинг. Тој нагласи дека грчкото искуство за одмор ќе биде радикално различно од претходните години, со оглед на правилата за социјално дистанцирање и само „под услов Глобалната епидемија да е во опаѓање“.

„Најдоброто сценарио е дека Грција ќе ја отвори летната сезона на 1-ви јули и работи кон тоа“, рече Мицотакис за Си-Ен-Ен. „Но, се разбира, ова вклучува авиокомпании, затоа што повеќето луѓе летаат кон Грција и мора да има многу строги, но исто така и применливи протоколи“.

Мицотакис смета дека пикот врз туристичкиот сектор во Грција ќе биде многу полош ако сезоната воопшто не се отвори.

Целосното интервју можете да го погледнете подолу: