МКЦ Скопје стана горда членка на „Liveurope“, платформа од 21 култни европски музички центри, кои работат заедно за да ја зајакнат различноста на европската богата музичка сцена.
 
Основана во 2014 година, „Liveurope“ ги охрабрува музичките сцени да ги прошират своите програми и да бараат нови европски уметници што допрва треба да бидат откриени.
 
Сите членови на „Liveurope“ се култни места во нивните региони, како и високо професионални инфраструктури. Како придружна членка, МКЦ Скопје добива директен пристап до мрежа на врвни музички професионалци за размена на добри практики и заеднички уметнички откритија, со што се засилува позицијата на меѓународната музичка сцена.