Телото на Адеа го идентификувале преку тетоважите, а првите резултати од аутопсијата покажале дека таа била удрена по главата со тап предмет. Немало видливи знаци на насилство врз телото на девојката. Аутопсијата јасно стави до знаење дека Шабани е мртва повеќе од еден месец. Точната причина за смртта сѐ уште не е јасна. Ова ќе биде разјаснето откако ќе излезат резултатите од токсикологија и од анализата на ткивата, објавија американските медиуми.

Капетанот Били Хејес на вчерашната прес – конференција рекол дека смртта на Шабани настанала од удар во главата. Осомничен за нејзината смрт е 33 годишниот актерот Кристофер Споц, кој бил женет и кој се самоуби минатиот викенд, пукајќи си во главата додека бегал од полицијата. Мотивот за убиството не е познат.

Капетанот Хејес откри и нови детали поврзани со Споц. Кога првпат бил испрашуван од полицијата тој признал дека на 23 февруари замина со Адеа кон Сакраменто. Во изјавата што ја дал рекол дека се скарале и дека ја оставил сама на патот во близина на Санта Кларита. После тоа веќе не ја видел. Наместо кон Сакраменто отишол кон Колорадо да се види со свршеницата.

Шабани последен пат била видена жива на 23 февруари. Телото на Адеа е пронајдено на 26 март. Истрагата за убиството на македонската актерка продолжува.