Освен талентот за глума решил да го искористи и својот музички талент, но чекал погоден момент и вистинска песна. Некако вака во кратки црти би била раскажана музичката деби приказна на младиот актер Жарко Димоски, од “Театар Комедија“. Тој, неодамна, на 35. јубилејно издание на „Макфест“, во Штип, на сцената се претстави со песната на негов текст „Да наздравиме“, која е создадена на музика и аранжман на добропознатиот Валентино Скендеровски.

Жарко открива дека и композитори му нуделе композиции но бил убеден дека се уште не дојдено неговото време како пејач, се држел до глумата. Се до еден момент, кога со Скендеровски на една средба не решиле да прават песна. Песната е одлично прифатена, а и на најде на неколку топ листи, а на некои е и прво место веќе неколку недели.
Сними и спот. Во спотот се појавува и младата Андреа Јосифова која му била инспирација за текстот, а со неа неодамна стапна на лудиот камен и се заколна на вечна љубов.
Камера и монтажа: Артериа Емил Петро.

В. Г. Парго